Во оваа научно поткрепена, но истовремено и мошне практична книга, Даниел Џ. Сигел и Тина Пејн Брајсон ни нудат револуционерен пристап кон воспитувањето деца придружен со дванаесет стратегии што помагаат за здрав развој на детскиот мозок, а со тоа и поспокојни и посреќни деца. Како што објаснуваат авторите, „горниот мозок“, кој донесува одлуки и е одговорен за емоциите, е „во изградба“ сè до средината на дваесеттите години од животот, а особено кај малите деца, токму десната страна на мозокот и емоциите доминираат врз логиката на левата страна. Затоа не е ни чудно што децата приредуваат тантруми, се расправаат едни со други или молчат намуртени. Преку примената на овие откритија во секојдневното родителство, можете да ги претворите испадите, расправиите или стравовите во можност за интеграција на мозокот на вашето дете и негов растеж.
Во книгава ќе најдете и стратегии соодветни за возраста на детето, кои ќе ви помогнат при справување со секојдневните борби и предизвици, како и илустрации што ќе ви користат да му ги објасните овие концепти на вашето дете.
„Менталниот склоп на детето“ ви покажува како да негувате здрав емоционален и интелектуален развој за вашите деца да живеат живот полн со урамнотеженост, смисла и поврзаност со другите.
Менталниот склоп на детето
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Даниел Џ. Сигел и Тина Пејн Брајсон
- Достапност: На залиха
-
450 ден
Слични продукти
Направете го својот живот ремек - дело
Во кариерата на секое човечко суштество се крие потенцијално ремек-дело или ужасна, искривена мачкан..
400 ден
Говорот на телото
„Говорот на телото“ од меѓународно признатите стручњаци за меѓучовечките односи Алан и Барбара Пиз о..
320 ден
Сафари на духот
Книга за мудроста на воспитувањето деца од Ана Бучевиќ, најзначајната балканска авторка на модерна п..
650 ден
Психологија на сексуалноста
На овој свет ништо не е реално освен љубовта. Човек се изморува од размислување, па дури и од дејств..
400 ден
Ознаки: mentalniot sklop na deteto, daniel sigel, tina pejn brajson
