Не расправај многу за тоа каков треба да биде добриот човек, туку ти самиот биди таков.
Медитации е светилник што големиот римски император и философ Марко Аурелиј го изградил среде разбрануваниот океан на секојдневните обврски и проблеми, со цел никогаш да не го загуби курсот на пловидбата кон моралноста и мудроста.
Напишана на старогрчки јазик, без никаква намера некогаш да биде објавена, Медитации е извонредна книга философско-интроспективни записи за разбирањето на себеси, функционирањето на светот и универзумот. Со овие текстови, кои имаат цел да дадат лична утеха и да бидат охрабрување за водење едноставен живот проникнат со скромност, љубов кон луѓето и моралноста, Марко Аурелиј создава едно од најголемите философски дела на сите времиња. Книга на која ѝ се восхитуваат и од која се инспирираат државници, мислители и читатели низ целиот свет, ризница на мудрости во потрагата по смислата на животот.
Слични продукти
Тажни мисли
Зошто се чувствуваме лошо кога ни оди добро? Во оваа книга се испитува зошто, дури и кога ни од..
450 ден
Бескрајни можности
Луѓето остануваат во нашите животи или заминуваат од нив врз основа на нашите мисли, уверувања и оче..
450 ден
Гликозна револуција
Подобрете ги сите области на своето здравје – спиењето, желбата за храна, расположението, енергијата..
430 ден
Психологија на парите
Умешноста со парите зависи многу повеќе од начинот на кој се однесувате отколку од вашата интелигенц..
500 ден
Ознаки: meditacii, marko aurelij
