Итан Крос е наградуван психолог, кој во оваа книга ни ги открива скриените моќи на нашиот внатрешен глас и ни покажува како да го искористиме во борбата со анксиозноста, како да си го подобриме психичкото и менталното здравје и како да ги продлабочиме нашите врски со другите.
Кажете му на странец дека разговарате со себеси, мошне веројатно е дека ќе ве смета за ексцентрик. Кога разговараме со себеси, често се надеваме дека ќе го поттикнеме нашиот внатрешен тренер, но, наместо тоа, го поттикнуваме нашиот внатрешен критичар. Кога се соочуваме со тешка задача, нашиот внатрешен тренер нè охрабрува: Ајде, го можам тоа! Но, исто толку често, нашиот внатрешен критичар нè обесхрабрува: Нема да успеам. Сите ќе ми се смеат. Која е поентата?
Крос ги истражува тивките разговори што ги водиме со себе. Испреплетувајќи ги револуционерните проучувања на мозокот што ги спроведувал во неговата лабораторија со конкретни студии на случај, тој објаснува како внатрешните разговори ги обликуваат нашите животи, работа и врски. Тој предупредува дека препуштањето на негативни и дезориентирачки разговори со себе – што тој ги нарекува „брборење“ – може да ни го нарушат здравјето, да ни го „спуштат“ расположението, да ни ги ограничат социјалните конекции и да почнеме да попуштиме под притисок.
Но, добрата вест е дека ние веќе сме опремени со алатки што ни се потребни да направиме нашиот внатрешен глас да работи во наша полза. Овие алатки често не се очигледни. Скриени се во технологиите што ги ползуваме, во дневниците скриени во нашите фиоки, разговорите што ги водиме со блиските, опкружувањето во нашите училишта и на работните места.
Брилијантно аргументирана, стручно поткрепена и полна со приказни со кои секој може да се идентификува, оваа книга ни дава моќ да го смениме најважниот разговор што го водиме секој ден: оној со себеси.
Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Итан Крос
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
312 ден
-
- 1 или повеќе 312 ден
Слични продукти
Не знам кај ми е главата
Оваа книга е водич, заснован на истражување за тоа како жените можат да се справат со менопаузата, к..
312 ден 390 ден
Психологија на парите
Умешноста со парите зависи многу повеќе од начинот на кој се однесувате отколку од вашата интелигенц..
400 ден 500 ден
Современо семејство
Духовит и практичен водич низ предизвиците на современото семејство.Како да воспоставите добри однос..
338 ден 450 ден
Семоќното јас
Среќата, во најголем дел, се наоѓа на дофат на индивидуата. Среќата доаѓа одвнатре, а не однадвор. С..
210 ден 300 ден
Ознаки: glasot vo nasata glava, zosto e vazen i kako da go koristime, itan kros
