Во книгата инспирирана од нејзиното популарно излагање на TED talk, Решма Саџани ги охрабрува жените и девојките да ги прифатат несовршеноста и храброста.
Замислете си дека живеете без страв дека не сте доволно добри. Дека не ви е гајле како изгледа вашиот живот на „Инстаграм“ или што мислат комплетните туѓинци за вас. Замислете си дека лесно се ослободувате од чувството на вина и сте престанале да се раскинувате себеси поради ситни грешки. Што доколку, при соочувањето со секоја одлука, сте го избрале похрабриот пат?
Повеќето од нас се чувствуваат скршени од товарот на нашите сопствени очекувања. Се исцрпуваме себеси, обидувајќи се да ги задоволиме сите, цело време. Си го нарушуваме сонот, размислувајќи да не сме навредиле некого, кои можности да ги пропуштиме затоа што ќе нè извадат од нашата зона на комфорот и како по секоја цена да избегнеме одбивање.
Постои причина зошто се однесуваме на овој начин, вели Решма. Како девојчиња, нè учеа да играме на безбедна карта. Родителите и наставниците нè фалеа затоа што сме тивки и учтиви, нè предупредуваа да бидеме внимателни за да не бидеме повредени и нè насочуваа на активности на кои можеме да блеснеме. Проблемот е дека совршеното девојче расте во жена која се плаши да потфрли. Време е да престанеме да дозволуваме нашите стравови да ги потопат нашите соништа и да го стеснат нашиот свет, заедно со нашата шанса за среќа.
Со избирањето храброст наместо совршенство, можеме да најдеме сила да го зацврстиме нашиот глас, да го оставиме зад себе она што нè прави несреќни и да тргнеме по работите што вистински и страсно ги сакаме. Совршенството можеби нè поставува на патеки на кои се чувствуваме безбедно, но храброста нè води до оној пат што автентично треба да го следиме...
Во „Храбри наместо совршени“, Решма споделува моќни согледувања и искуства со кои ќе ни помогне да ја надминеме нашата обука за совршено девојче и да ја направиме храброста наша доживотна навика. Со тоа што ќе станеме храбри наместо совршени, сите можеме да станеме креатори на нашиот најхрабар и најсреќен живот.
Храбри наместо совршени
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Решма Саџани
- Достапност: На залиха
-
350 ден
Слични продукти
Чудесното утро
Што ако – за некое чудо – се разбудите утре и сфатите дека некоја или секоја област од вашиот живот ..
400 ден
Умешноста да ја креирате вашата реалност
Водич за свесни креатори„Драги свесни креатори! Во вашите раце се наоѓа Водич за креирање на ре..
450 ден
Митот за нормалното
Траумата не е она што ви се случува вам, туку она што се случува во вас.Во револуционерната книга „М..
690 ден
Бескрајни можности
Луѓето остануваат во нашите животи или заминуваат од нив врз основа на нашите мисли, уверувања и оче..
450 ден
Ознаки: hrabri namesto sovrseni, resma sadjani
