Дали човек може да добие нова шанса кога најлошото, најстрашното, најдлабокото страдање веќе се случило?
Во романот се испреплетени три силни женски портрети во текот на дваесеттиот век. Хедвиг која се бори со својата вина, Ингрид со својот сомнеж и Иса – со својот голем гнев.
Берлин 1945 година: Писателката Хедвиг Лохман е на пат да ги напушти урнатините во метрополата упатувајќи се кон еден манастир. Неколку години претходно нејзината ќерка поминала низ пеколно патешествие. Каде се наоѓа сега и дали ја преживеала војната?
Остров кај Стокхолм – Блидхолмен 2004 година: Ингрид ја напуштила својата дејност како психотерапевт и се преселила на малиот остров за да го негува својот маж свештеник, кој има Паркинсонова болест. Но на островот живее и Хана, писателка која на незабележителен начин се вовлекла меѓу сопружниците внесувајќи конфузија во нивниот живот.
Упсала во 1983 година: Иса ја сече на парчиња својата кукла и потоа оди на психотерапевтски сеанси. Еден ден решава да направи Голема терапевтска игра. Ако по фрлањето на коцката се добие погрешно поле се запаѓа во Хаосот, но постои начин да се поправи светот.
„Нултиот час“ симболично го означува крајот на војната, но и човечкото искуство да се застане и да се направи обид за излегување од сопствените руини, од целосниот хаос во кој сите ситуации низ кои минуваат главните ликови би можеле да се опишат како апсолутно дно – но истовремено можеби почнува да ׳рти ново семе.
Нултиот час
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Лота Лумберг
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Засекогаш моја
Кирстин Халберг се стреми кон решавање на работите, страсно прифаќајќи го предизвикот да го пропатув..
343 ден 490 ден
Тајната на Тудорите
Времето на Тудорите беше ера исполнета со опасности, интриги, заговори и, пред сè, шпионажа.Летото 1..
413 ден 550 ден
Исплашените
Впечатлива приказна за Сулеима и Насим кој решава да ја прекине нивната врска, и од Сирија да замине..
245 ден 350 ден
Ознаки: nultiot cas, lota lumberg
