Додека се тетерави низ шумата кон чадот и она што е останато од нејзиното изгорено село, таа ги гледа ранетите, сите тие познати лица прекриени со пепел и крв, и се присетува дека не е само жена; таа е доктор и сега е потребна тука…

1938 година: Млад италијански пар се збогува во сенките на планината Монтевино за време на војната. Си ветуваат дека ќе останат заедно, без оглед на сѐ, и кројат план тајно да се венчаат пред да побегнат во шумата за да се приклучат на Отпорот.

Сегашност: Кали сѐ уште не може да си дојде на себе од откритието дека е посвоена кога заминува од Тексас и се упатува во Монтевино во потрага по одговори, стегајќи ги во рака клучевите од штотуку наследената прекрасна вила на брдо. Во плакарот на биолошката мајка, наоѓа дневник кој ѝ припаѓал на жена по име Елиса Стела, една од првите студентки на медицина во Италија. Така Кали ја открива приказната за страсната млада докторка која ризикувала сѐ за да се омажи за својот сакан, која била предадена од страна на сопствените луѓе и принудена да се крие за време на нападот на Монтевино.

Инспирирана од вистинити настани и напишана во стилот на Сара Џио, Италијанската вила е страсна, срцепарателна и апсолутно занесна приказна за две исклучителни жени кои наоѓаат храброст да бараат светлина на најмрачните места.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Италијанската вила

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Даниела Сачердоти
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден
  • 400 ден


  • 1 или повеќе 400 ден

Слични продукти

Ќерка на правта

Оваа убаво напишана книга совршено потсетува на топлината и бојата на пустината од Северна Африка.Ле..

Автор:

315 ден 420 ден

Замалек

Во срцето на Каиро, на островот среде Нил, со децении постоела антикварница преполна со најразновидн..

Автор:

312 ден 390 ден

Вистински бои

Сестрите Греј отсекогаш биле блиски, но по смртта на мајка им стануваат и најдобри другарки. За жал,..

Автор:

472 ден 590 ден

Тајната на Тудорите

Времето на Тудорите беше ера исполнета со опасности, интриги, заговори и, пред сè, шпионажа.Летото 1..

Автор:

413 ден 550 ден

Ознаки: italijanskata vila, daniela sacerdoti