Годината е 1939. Светот е на работ на Армагедон. Во Советскиот Сојуз, во годините на револуцијата, стравот и прогонот ја оставаат земјата неподготвена да се соочи со нападот од нацистичка Германија. За претстојните битки, Сталин ги полага своите надежи во челичното чудовиште од 30 тони, познато на неговите пронаоѓачи како тенк Т-34, а како „Црвениот ковчег” за оние луѓе кои наскоро ќе го употребуваат.
Но, дизајнот сѐ уште не е завршен. И кога полковникот Нагорски, таинствениот и ексцентричен архитект на оружјето, е пронајден убиен, Сталин го повикува Пекала, неговиот најдоверлив истражител. Сталин е убеден дека злокобната група што се нарекува себеси Белиот Еснаф, група составена од поранешни војници на царот, има намера да предизвика германска инвазија пред Црвениот ковчег да биде готов.
Додека советските инженери се борат да го завршат дизајнот на тенкот, Пекала мора да го пронајде Белиот Еснаф и да ги разоткрие нивните планови за втурнување на Германија и Русија во конфликт...
Црвениот ковчег
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Сем Истланд
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
443 ден
-
- 1 или повеќе 443 ден
Слични продукти
Ќерка на правта
Оваа убаво напишана книга совршено потсетува на топлината и бојата на пустината од Северна Африка.Ле..
315 ден 420 ден
Светлината над Лондон
Срцепарателна приказна за две жени разделени со генерации коишто се справувале со предизвиците кои н..
338 ден 450 ден
Тајната на Алексови
Алекса Алексов потекнува од богато и познато семејство. Тој е единец на мајка и татко кои многу се о..
280 ден 350 ден
Приказничар
"Кога неодамна се занимавав со јубилеите во 2024, сфатив дека се навршува и четврт век од моето прво..
225 ден 300 ден
Ознаки: crveniot kovceg, sem istland

