Роман исполнет со драма, страст, трагедија и убавина, кој неверојатно го опишува животот на познатата модна дизајнерка Коко Шанел, жена која ја револуционизираше модата, изгради меѓународна империја и стана една од највлијателните и најконтроверзните фигури на дваесетиот век.
Родена во беда и сиромаштија, по смртта на мајка ѝ, Габриела Шанел и нејзините браќа и сестри се испратени во дом за деца без родители. Калуѓерките таму ја забележуваат исклучителната дарба за шиење на Габриела, талентот што ќе ја поттикне оваа храбра млада жена да започне нов живот кој е сосема поразличен од тешкиот живот во нејзиното детство.
Откако го менува името во Коко, младата шивачка, а понекогаш и пејачка го привлекува вниманието на еден богат господин кој подоцна ќе стане љубовта на нејзиниот живот. Таа се впушта во неговиот свет, светот на парите и на луксузот, и открива слобода каква што дотогаш немала, слобода што ја поттикнува нејзината креативност. Но, дури откако нејзиниот љубовник ќе ја однесе во Париз, Коко ја открива својата судбина.
Нејзината сè поголема популарност полека расте и ѝ дава пристап до ретките општествени кругови и боемски салони. Но, како што минуваат годините, таа сфаќа дека нејзината слава и богатство не можат да ја спасат од болката на скршено срце. Па така, кога Париз ќе падне во рацете на нацистите, Коко е принудена да донесе одлуки што подоцна ќе ја прогонуваат.
Неверојатена приказна за една извонредна жена која за себе создала живот каков што отсекогаш посакувала да има. „Госпоѓица Шанел“ го истражува светот на една жена со неверојатни амбиции чија сила, страст и уметничка визија ќе станат нејзин заштитен знак.
Госпоѓица Шанел
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: К.В.Гортнер
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
443 ден
-
- 1 или повеќе 443 ден
Слични продукти
Невидливите бесови на срцето
Поминав толку време туркајќи го чамецот што заборавив да се качам во него. Сега е на отворено море и..
600 ден 750 ден
Девојките од платната
Овој возбудлив роман е сместен во бел епок, париското златно време на убавината и бонвиваните, апсин..
360 ден 480 ден
Татјана и Александар 2
Татјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот в..
400 ден 500 ден
Уметноста на наследување тајни
Луѓето го гледаат само тоа што сакаат да го видат.Оливија Шо, уредничка на едно од најугледните спис..
400 ден 500 ден
Ознаки: gospogjica sanel, gortner

