Потресен роман заснован на вистински случај на потонат бегалски брод за време на Втората светска војна.
Истанбул, 2001 год: Маја Дуран е самохрана мајка која се мачи да најде рамнотежа меѓу својата напорна работа на универзитетот и воспитувањето на синот тинејџер. Работите стануваат уште посложени кога добива задача да го шета загадочниот Максимилијан Вагнер, возрасен професор на „Харвард“ со германски корени, кој доаѓа во посета на градот. Тој се враќа на местото каде што во 1942 година се случува големата трагедија во која е торпедиран бродот „Струма“ и загинуваат 800 еврејски бегалци, меѓу кои и неговата сопруга.
Маја и Вагнер се зближуваат, меѓутоа во нивниот живот почнува да се вмешува и турската тајна полиција, како и претставници од руската и од британската амбасада, со цел да се прикрие вистината за страшното злосторство од минатото.
„Серенада за Надја“ претставува трогателна љубовна приказна и застрашувачки доказ за моќта на човечката блискост во тешки времиња.
Слични продукти
Каде што почнува небото
Лондон, 1940 година. Паѓаат бомби, а светот на Џози Бенкс се руши околу неа. Не може да го контактир..
490 ден
Пуританската принцеза
Осумнаесетгодишната Френсис, најмладата ќерка на Оливер Кромвел, водач на парламентарните сили во&nb..
600 ден
Вистински бои
Сестрите Греј отсекогаш биле блиски, но по смртта на мајка им стануваат и најдобри другарки. За жал,..
590 ден
Детството на Каспар Хаузер
Напишан од двојна перспектива на тинејџер и на возрасен човек, „Детството на Каспар Хаузер“ е роман ..
300 ден
Ознаки: serenada za nadja, zulfu livaneli
