Бестселерот на Марта Хол Кели – "Јоргованот секогаш цвета по зимата", кој се продаде во милиони примероци, на читателите им ја претстави Каролин Феридеј. Сега, во "Сестри на сончогледите", Кели ја раскажува приказната на предокот на Феридеј, Џорџијана Вулзи, медицинска сестра на Унијата во текот на Граѓанската војна, чиешто занимање ја доведува до Џема, млада робинка продадена па регрутирана во армијата, како и до Ен-Меј Вилсон, господарка на плантажа на југот, чијшто сопруг се пријавува да се бори во војната.

Џорџијана Вулзи не е создадена за свет од раскошни забави и воздржани ставови на жените од нејзинот ранг. Така, кога војната ќе го потпали народот, Џорџи ја следи својата страст за болничарска работа, во време кога докторите ги сметале жените на фронтот за неприлика. Сакајќи да им покажат дека не се во право, таа и сестра и Елза тргнуваат од Њујорк во Вашингтон и Гетисбург, а вклучувајќи се во војната стануваат сведоци на невидени злосторства на ропството.

"Сестри на сончогледите" е книга инспирирана од вистински настани, во која е даден живописен и детален преглед на искуството од Граѓанската војна, од варварските и нехумани плантажи, се до злосторствата на бојното поле и опустошениот Њујорк. Тоа е сеопфатна приказна за жени кои се наоѓаат во земја на работ на пропаста, во општество кое се бори со национализам и незамислива расна суровост, приказна релевантна и денес.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Сестри на сончогледите

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Марта Хол Кели
  • Достапност: На залиха
  • 650 ден
  • 488 ден


  • 1 или повеќе 488 ден

Слични продукти

Градот што се викаше Солис

Шеснаесетгодишната Роуз исчезна. Гневна и бунтовна, по жестока кавга со мајка и, таа излета од ..

Автор:

368 ден 490 ден

Над дождот

Мигел и Елена се среќаваат во старски дом во Тарифа, на возраст во која веруваат дека преживеал..

Автор:

443 ден 590 ден

2248

Малиот Ангел, дете со аутизам, исчезнува на плажа покрај Охридското Езеро. Полицијата е во потрага –..

Автор:

252 ден 360 ден

Уметноста на соблекувањето

“Во оваа пикантна драма за готвење, стриптиз и семејни вредности, Леман покажува дека љубовта ги поб..

Автор:

349 ден 499 ден

Ознаки: sestri na soncogledite, marta hol keli