Борба за власт, убиства на можните претенденти на тронот, љубов и интриги во сарајот на Султанот. Спремна речиси на сè за да стане најмоќната жена во Империјата. Силна, борбена и величествена. Ангел и демон во една личност. Во историјата е наречена Црната кралица.

За султанот Ахмед таа беше неговата Махпејкер (месечина). Но, длабоко во себе, Анастасија беше еднa едноставна побожна попска ќерка, грабната од грч­киот остров Милос. Кога имаше само петнаесет години, од Куманово, преку Скопје и Солун таа пристигна во харемот на Султанот и беше само една од многуте слугинки во Сарајот.

Како и да е, судбината го направи најнеочекуваното… Нејзината несекојдневна убавина и интелигенција ја забележа бабата на султанот Ахмед. Султанката ја зеде младата девојка под нејзина закрила, подготвувајќи ја за улогата што и самата некогаш ја имаше. Анастасија стана најистакнатата жена во Османлиската Империја, омилената жена на Султанот. Сега како Султанка, мораше да го прифати предизвикот, интригите во палатата и секогаш да биде будна за непријателите што чекор по чекор се прикрадуваа и беа нејзина смртна закана и смртна закана за нејзините деца…

Авторката на овој роман инспириран и напишан според вистинските историски настани Демет Алтинјелеклиоглу е родена во Анкара. Таа дипломирала политички науки при универзитетот во Анкара. Од 1980 година, Демет работела како директор во различни сектори во ТРТ – турската радио и телевизија. Автор е на повеќе дела, а работи и како преведувач. Алтинјелеклиоглу со својата фамилија живее во Бодрум и Мајами.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Црната кралица - Косем Султан

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Демет Алтинјелеклиоглу
  • Достапност: На залиха
  • 600 ден
  • 450 ден


  • 1 или повеќе 450 ден

Слични продукти

Патеката на слоновите

Рут е преубава, млада девојка која живее во Лондон. Но, не само што е убава, таа ќе има среќа да се ..

Автор:

323 ден 430 ден

Тагата на самурајот

Не можеме да побегнеме од она што сме. Секогаш кога ќе се погледнеме во огледало, секојпат кога ќе п..

Автор:

368 ден 490 ден

Никогаш повеќе нема да ме видиш

Кога сопругот на Бети се враќа од војна тешко повреден и неприсебен со физчки и психички лузни, тој ..

Автор:

329 ден 470 ден

Сиви пчели

Во Мала Староградовка, село сместено на ничија земја меѓу Украина и Русија, живеат само двајца средо..

Автор:

371 ден 530 ден

Ознаки: crnata kralica, kosem sultan, demet altinjeleklioglu