1917 год. Првата светска војна е во својот зенит, кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една забава во Лондон. Таа е срамежлива и талентирана пијанистка; тој е новопечен војник со соништа да стане архитект. Кога ќе се вљубат, тоа е на прв поглед и длабоко, но набргу Џејмс е испратен на полињата на смртта.
Обри Едвардс е исто така упатен накај рововите. Талентираниот музичар кој свирел во Карнеги Хол е член на 15. њујоршка пешадија, афроамерикански полк испратен во Европа да помогне да се стави крај на големата војна. Љубовта е последното нешто што му е на ум. Но, тоа е пред да ја сретне Колет Фурние, белгиска пејачка која веќе преживеала ужасна трагедија од рацете на Германците.
Триесет години откако судбината ќе ги поврзе овие четворица љубовници, грчката божица Афродита им ја раскажува нивната приказна на нејзиниот сопруг Хефест и на нејзиниот љубовник Арес во луксузна хотелска соба на Менхетн во екот на Втората светска војна...
Војна и љубов
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Џули Бери
- Достапност: На залиха
- 520 ден
-
416 ден
-
- 1 или повеќе 416 ден
Слични продукти
Нормални луѓе
"Нормални луѓе" е роман за моќта на привлекувањето, за пријателството и за љубовта помеѓу луѓето. Пр..
338 ден 450 ден
Над дождот
Мигел и Елена се среќаваат во старски дом во Тарифа, на возраст во која веруваат дека преживеал..
443 ден 590 ден
Ќерка на правта
Оваа убаво напишана книга совршено потсетува на топлината и бојата на пустината од Северна Африка.Ле..
315 ден 420 ден
Ознаки: vojna i ljubov, djuli beri
