Инспиративен, крајно потресен роман заснован на вистинската приказна за Либертас Шулце-Бојзен, храбра девојка која одбива да се повлече пред нацистите и да се потчини на режимот на Хитлер. Исправена пред лицето на злото, таа си дала тивко ветување: ќе се бори да живее во праведен свет или ќе умре обидувајќи се.

„'Биди похрабра од мене. Не бегај. Оправдај го своето име, мал борецу за слобода.' Либертас цврсто ги затвори очите и солзи се стркалаа од под нејзините црни трепки, кога почувствува како неговите усни нежно и го допираат образот. Возот на перонот ја распара тишината, а тој исчезна во пареата, оставајќи ги своите зборови да лебдат во воздухот...

Берлин, 1939 година. Деветнаесетгодишната Либертас се сели во Берлин, но наместо да и ја понуди слободата по којашто копнее, градот е под нацистичка опсада. Се палат еврејските книги, се кршат излози, невини луѓе секојдневно се испраќаат во концентрациони логори. Либертас не може и не сака да замижи пред неправдата.

Кога го запознава Харо, веднаш сфаќа дека зад неговата весела насмевка и небесносините очи се крие нешто многу повеќе. Лузните од камшик на грбот ја раскажуваат неговата вистинска приказна: тој е борец за слобода. Искрата на препознавање во нивните очи ќе прерасне во безгранична љубов, нешто што ќе ги обедини во борба против крвожедниот диктатор. Навлегувајќи во редовите на непријателот, тие почнуваат да шверцуваат доверливи документи и да одржуваат тајни состаноци ноќе, под светлината на свеќите. Додека градот спие, заедно со нивните пријатели расфрлаат летоци со моќни, гневни зборови низ Берлин, разоткривајќи ги гнасните лаги на нацистите.

Но, Гестапо постојано им е зад петиците, се следи секое нивно движење, се прислушуваат нивните телефонски разговори. На крајот, треба да одлучат што е поважно: да се преживее или да се биде храбар?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Девојката на перонот

  • Издавачка куќа: Букленд
  • Автор: Ели Мидвуд
  • Достапност: На залиха
  • 490 ден
  • 343 ден


  • 1 или повеќе 343 ден

Слични продукти

Небото под нас

Инспиративна приказна за авантурата, љубовта, загубата и храброста.1927 год: Виолета Макензи-Грант з..

Автор:

390 ден 520 ден

Малата божиќна библиотека

На Моли Мегинли ѝ е веќе прекуглава од Лондон и се упатува во Мери-ле-Мурс, скромното гратче на севе..

Автор:

338 ден 450 ден

Еленор Олифант е океј

Запознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си им..

Автор:

320 ден 400 ден

На плажата Чесил

Во 1962 година, Флоренс и Едвард го прославуваат почетокот на својот меден месец во еден хотел покра..

Автор:

273 ден 390 ден

Ознаки: devojkata na peronot, eli midvud