Сиромашна и без мираз, таткото на Сабина ја принудува да се омажи за богат аристократ. Животот на Сабина драстично се менува кога од периферно гратче на Италија, таа се сели во прекрасната Фиренца и станува богата вдовица. Патријархалното општество во Фиренца е полно со тајни – жените кои не ги следат правилата се соочуваат со последици. Младата вдовица наоѓа начин дискретно да ги задоволи своите страсти.
Иако богата однадвор, таа е празна однатре – сонува за иднина исполнета со љубов без предрасуди. Сабина се спријателува со моќниот и интригантен Лоренцо Медичи и почнува да го посетува неговиот блескав дворец, каде што се собираат многубројни талентирани уметници и моќни политичари. Нејзината интелигенција и ѓаволски добар изглед ѝ даваат занесен шарм на кој тешко може да се одолее. Но, едно неочекувано предавство ја остава Сабина пред потенцијален скандал и таа е принудена да ги собере парчињата од нејзиниот уништен живот само да го спаси својот углед.
Роман полн со пресврти кој го одзема здивот. Приказна за храброста, страста и предавството, која нè пренесува директно во магичната Фиренца во најинтригантниот период од историјата – враќањето на моќта на Медичи.
Слични продукти
Омразата што ја сееш
Шеснаесетгодишната Стар живее растргната меѓу два света: сиромашното и озлогласено место во кое е ро..
550 ден
Царицата Катерина
Сиромашна, непризнаена исклучително убава, Марта ќе ја преживее суровата руска зима во своето далечн..
450 ден
Куќата со жолта фасада
Едно необично и неочекувано запознавање, целосно го менува животот на младата Ева и засекогаш ѝ го з..
300 ден
Лавиринт од чемпреси
Дали тајната што е чувана уште од Втората светска војна може да им наштети на невините или да ги осл..
520 ден
Ознаки: sabina, c. de melo

