Мередит и Нина Витсон се толку различни што не личат на сестри. Едната останува дома, се мажи со својата прва љубов, раѓа деца и го води семејниот бизнис. Другата ги следи своите соништа и патува низ светот како познат фоторепортер. Но кога нивниот сакан татко се разболува, Мередит и Нина повторно се спојуваат со нивната неописливо ладна мајка, Ања, која дури и во овој најтрагичен момент не им нуди утеха на своите ќерки.
Како деца, единственото нешто што ги поврзувало со неа била руската бајка што Ања понекогаш им ја раскажувала на девојчињата ноќе. Сега, татко им на смртна постела, бара трите жени да му дадат едно заедничко ветување – бајката да биде раскажана и ислушана за последен пат, но овој пат од почеток до крај. Па така почнува необичното патување низ вистината за животот на Ања во војна – во Ленинград, пред пет декади. Приказната на мајка им е толку потресна, срцепарателна и страшна што ќе ги протресе основите на нивното семејство и целосно ќе ги промени сите.
Оваа приказна започнува меланхолично и бавно, но до последните страници веќе не останува суво око дури ни кај најсилните читатели.
Ленинградска зима
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Кристин Хана
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Тајната колиба на плажата
Историска драма за Втора Светска Војна, сага за недозволена љубов, убиство и одамна загубена слика…Л..
315 ден 420 ден
Божиќен улов
НФЛ-примачот Џалил Вокер, кој со тешка повреда ја заврши кариерата, принуден е да се врати во својот..
294 ден 420 ден
Ќе се најдеме во Бомбај
Бомбај, новогодишната ноќ 1913 год. Медлин Брајт, дојденка и сè уште ненавикната на задушливата запу..
368 ден 490 ден
Ознаки: leningradska zima, kristin hana

