Во далечините на степата по долниот тек на Волга уште во осумнаесеттиот век се населиле Германци. Годината е 1916, а Јакоб Бах е руски Германец што работи како учител во малото село Гнадентал. Тој одамна се повлекол од светот, се грижи за својата единствена ќерка Анче на осамен селски имот и пишува волшебни приказни што на чудесен и трагичен начин се остваруваат во стварноста.
Но животот одеднаш му се променува кога ќе се вљуби во Клара, ќерка на селанец од другиот брег на Волга. Нивната љубов не може да им избега на настаните што со себе ги носат револуцијата и основањето на Германската република на Волга.
Книга во која се прикажани и љубовта, и смртта, и историјата, и политиката, и војната, и создавањето… Книга во која магичниот реализам се среќава со суровата руска реалност, на бреговите на моќната река Волга, но и пошироко.
Ова е вториот и долгоочекуван роман на Гузел Јахина, најфалената дебитантка во поновата историја на руската литература.
Децата на Волга
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Гузел Јахина
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
На господин Филип, со љубов
Сер Филип смета дека знае сè што треба за Елоиз Бриџертон. Од преписката со далечната роднина на нег..
390 ден 520 ден
Егоманијак
Вечерта кога го запознав Дру, имаше провалено во мојата нова канцеларија. Повикав полиција, а потоа ..
338 ден 450 ден
Камено срце
Откако срцето на Кејси се скрши, таа мислеше дека никогаш повеќе нема да се заљуби. И кога целиот не..
343 ден 490 ден
Ознаки: decata na volga, guzel jahina
