Ова е една привлечна приказна за три млади жени кои се соочуваат со невозможен избор. Како ќе им пресуди историјата, на нив и на нивните семејства?
Париз, 1940. Во градот окупиран од нацистите, три млади кројачки се обидуваат да продолжат со својот живот најдобро што можат. Но, трите девојки кријат животни тајни. Мирел, обележана од војната, се бори за Отпорот; Клер е во врска со германски офицер; а вмешаноста на Вивиен е нешто што таа не може да го сподели со ниту една од нив.
Две генерации подоцна, внуката на Клер, Хариет, пристигнува во Париз, очајна да најде врска со своето минато. Живеејќи и работејќи во истата зграда на улицата „Кардинал“, таа ја дознава вистината за својата баба, но и за себе, таа открива семејна историја која е тешка и болна.
Во време на војна, трите кројачки се соочуваат со невозможен избор кога нивните тајни активности ги ставаат во огромна опасност. Лојални една кон друга, загрозени од нечие предавство, дали можат да ја преживеат најмрачната ера во историјата без да бидат распарчени?
Дарбата на кројачката
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Фиона Валпи
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
368 ден
-
- 1 или повеќе 368 ден
Слични продукти
Одмаздата на Тудорите
Елизабета е конечно на престолот. Очајна од ситуацијата таа го повикува својот најверен шпион да ù п..
413 ден 550 ден
Италијанската вила
Додека се тетерави низ шумата кон чадот и она што е останато од нејзиното изгорено село, таа ги глед..
400 ден 500 ден
Печуркарката
Младата Сара веќе седум години оди по истата патека во шумата, од пролет до есен собира печурки, кои..
245 ден 350 ден
Часови по измама
ПатникИмам сѐ, а врз мапатана мојата душа празни местасѐ уште вдлабени. Неистраженипредели каде што ..
160 ден 200 ден
Ознаки: darbata na krojackata, fiona valpi

