Дали човек може да добие нова шанса кога најлошото, најстрашното, најдлабокото страдање веќе се случило?
Во романот се испреплетени три силни женски портрети во текот на дваесеттиот век. Хедвиг која се бори со својата вина, Ингрид со својот сомнеж и Иса – со својот голем гнев.
Берлин 1945 година: Писателката Хедвиг Лохман е на пат да ги напушти урнатините во метрополата упатувајќи се кон еден манастир. Неколку години претходно нејзината ќерка поминала низ пеколно патешествие. Каде се наоѓа сега и дали ја преживеала војната?
Остров кај Стокхолм – Блидхолмен 2004 година: Ингрид ја напуштила својата дејност како психотерапевт и се преселила на малиот остров за да го негува својот маж свештеник, кој има Паркинсонова болест. Но на островот живее и Хана, писателка која на незабележителен начин се вовлекла меѓу сопружниците внесувајќи конфузија во нивниот живот.
Упсала во 1983 година: Иса ја сече на парчиња својата кукла и потоа оди на психотерапевтски сеанси. Еден ден решава да направи Голема терапевтска игра. Ако по фрлањето на коцката се добие погрешно поле се запаѓа во Хаосот, но постои начин да се поправи светот.
„Нултиот час“ симболично го означува крајот на војната, но и човечкото искуство да се застане и да се направи обид за излегување од сопствените руини, од целосниот хаос во кој сите ситуации низ кои минуваат главните ликови би можеле да се опишат како апсолутно дно – но истовремено можеби почнува да ׳рти ново семе.
Слични продукти
Момчето во пижами на риги
Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моме..
320 ден
Браќа по душа
Алфа и Мадемба се двајца од безбројните сенегалски војници што се борат во Големата војна. Тие ..
390 ден
И боговите имаат интернет
Што би се случило кога неочекувано би се појавил стариот дневник пишуван пред речиси четириесетина г..
420 ден
Приказни полни со надеж
"Тетовирачот од Аушвиц" е една од најпродаваните книги на 21-от век. Сега, во најновата кн..
450 ден
Ознаки: nultiot cas, lota lumberg
