Љубовта, созревањето и учењето на романската ученичка и студентка Летиција се носечка сторија во романот на Габриела Адамештеану. Но, љубовта е преплетена со мачното романско секојдневие во периодот по Втората светска војна – проникнато од сиромаштијата, диктатурата, моќта на Комунистичката партија и пипалата на тајните служби – Секуритате, кои ги контролираат сите пори на животот и сите луѓе – од најобичните селани, службеници, ученици, студенти до врвните професори и интелектуалци.
Летиција живее во еден мал град во романската провинција, заедно со својата мајка и вујкото Јон. Нивните услови за живеење се тешки, нејзиниот татко е во затвор поради неговите политички ставови, а вујкото Јон, кој е силен автор и интелектуалец, фрлен е на маргините на општеството затоа што не сакал да му подари диплома за завршено средно образование на еден секретар во огранокот на Комунистичката партија, кој високо се издигнал во државната управувачка структура.
На општо изненадување, иако нејзините најблиски не се политички подобни (таткото, вујкото) таа успева да се запише на факултет во Букурешт, а благодарение на сензибилната љубовна врска со младиот професор Петру Аркан, со својот труд успева да стигне до крајот на своите студии и да започне една „нормална“ работна и животна приказна…
Објавен за прв пат во 1975 година во Букурешт, романот стана класика на современата романска книжевност и доби врвни литерарни критики во најрелевантните романски и франкофонски списанија. Била вистинска храброст во времето на комунистичкото едноумие во Романија да се напише и уште повеќе да се објави роман со ваква содржина. Само некое чудо го спасило ова дело да помине само со цензура на некои делови од книгата и да не биде и целосно забрането. Во изданијата објавени по падот на диктатурата се вметнати и деловите што биле под удар на цензурата.
Истоветниот пат на секојдневието
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Габриела Адамештеану
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Љубов во книжарница
Љубов во книжарница е топла приказна која ќе ве увери во тоа што вистинските книгољупци веќе го знаа..
315 ден 420 ден
На земјата сме кратко прекрасни
Да почнам повторно, ќе напише Мало Куче, младич во дваесеттите години, во првиот ред на писмото..
338 ден 450 ден
Брачниот портрет
Книга за волшебната млада војвотка Лукреција де Медичи. Зима, 1561 год. Лукреција, војвотката на Фер..
392 ден 490 ден
Љубовта доаѓа тивко
Марти и Клем тргнуваат да си ги остварат надежите и соништата на Западот. Штом пристигнуваат, Клем г..
294 ден 420 ден
Ознаки: istovetniot pat na sekojdnevieto, gabriela adamesteanu
