Нејзината убавина и го спаси животот, но и ја осуди.
Цилка имаше само шеснаесет години кога беше однесена во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау, во 1942 година. Командантот во Биркенау, Шварцхубер, ја забележува нејзината долга убава коса и ја принудува да се раздели од останатите жени затвореници. Цилка брзо учи дека моќта, дури и неволно дадена, е еднаква на преживување. По ослободувањето, Цилка е обвинета како соработник со непријателот и испратена во Сибир. Но, каков избор имала таа? Кој можеше да суди за моралот на Цилка, која беше испратена во Аушвиц уште како дете? Во затворскиот камп во Сибир, Цилка се соочува со нови предизвици, но ужасно познати, вклучувајќи го и несаканото внимание од страна на чуварите. Но, таа ѝ остава впечаток на една жена лекар, така ќе биде под нејзина заштита. Цилка започнува да се грижи за болните во кампот, борејќи се за нив во брутални услови. Цилка наоѓа бескрајни извори за преживување, бидејќи секојдневно се соочува со смрт и со терор. И кога ќе почне да се грижи за мажот по име Иван, открива дека и покрај сè, во нејзиното срце има простор за љубов.
„Таа беше најхрабрата личност што некогаш сум ја сретнал“ Лале Соколов, Тетовирачот од Аушвиц
Животната приказна на Цилка
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Хедер Морис
- Достапност: На залиха
-
490 ден
Слични продукти
Празна мапа
Ана, Алжбјета и Анежка. Три жени, три поколенија, една фамилија и многу животни пресврти, трауми и т..
380 ден
Од името на семејството
Оваа книга одразува турбулентен историски момент и ги остава настрана митовите за да го оживее семеј..
550 ден
Заговорот на Тудорите
Каква судбина кралицата Мери ѝ крои на сестра си, Елизабета?Дали Роберт Дадли сè уште се обидува да ..
550 ден
Замрачување
Во нарација подеднакво маѓепсувачка и мистериозна како и сеќавањето – ја дознаваме приказната за Нат..
350 ден
Ознаки: zivotnata prikazna na cilka, heder moris

