Младата Сара веќе седум години оди по истата патека во шумата, од пролет до есен собира печурки, кои потоа ги продава во една кафеана. Не се зближува со никого и не го напушта својот печуркарски реон. Само одвреме-навреме оди кај својот психијатар за да ја потврди својата урамнотежена душевна состојба.
Затоа и веста за смртта на мајка ѝ не го менува нејзиниот живот. Оди на погребот, се среќава со двајцата браќа, од кои одамна се отуѓила и пак се враќа в шума. Но, она што само матно се исцртува на површина, клокоти под површината. Онака како што плодното тело на печурката што излегува од почвата, претставува само незначителен дел од еден огромен организам, од огромниот свет на печурките, сокриен од нашите очи, под површината.
„Како би можела со зборови да го кажам она што се случи оној пат пред многу години? Како би можела да ја опишам темницата во својата внатрешност. Како воопшто би можела да се обидам да го преведам тој ужас во зборови?“
Печуркарката
- Издавачка куќа: Муза
- Автор: Викторие Ханишова
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
245 ден
-
- 1 или повеќе 245 ден
Слични продукти
Каде што шумата се среќава со ѕвездите
По губењето на мајката и борбата со ракот на дојка, Џоана Тил продолжува со истражување на птичјите ..
312 ден 390 ден
Хартиената палата
Местото што ги знае сите тајни.Едно совршено јулско утро, педесетгодишната Ел, среќно омажена и мајк..
400 ден 500 ден
Првата кралица
Во земја каде што мажите носат превез, една жена го прекрива својот идентитет – се преправа во маж.К..
328 ден 469 ден
Кула од карти
Животот на Софија и Марко, и на нивното мало синче Тадеј, по случувањата од романот „Продолжи да оди..
245 ден 350 ден
Ознаки: pecurkarkata, viktorie hanisova
