Во традицијата на романите на Халед Хосеини, приказна за судбината на семејства во потрага за мир и слобода испреплетена со судбината на познат картограф од дванаесеттиот век.

Летото 2011 година, кога таткото на Нур починува, нејзината мајка одлучува дека е време да го напуштат Њујорк и да се придружат на семејството во Сирија. За среќа, Нур има начин со духот засекогаш да остане со својот татко: под смоквата во нивната градина во Хомс таа ја шепоти нивната омилена приказна и се надева дека таа ќе стигне до местото каде што е погребан татко ѝ. Таа приказна што постојано ја повторува е приказната за Равија, девојче од дванаесеттиот век, кое преправена во момче станува ученик на најпознатиот средновековен картограф Ал-Идриси.

Наскоро избива војна во Сирија и Хомс е бомбардиран. Нур и нејзиното семејство се соочуваат со изборот: да останат во својот дом изложени на насилство или да побегнат преку седум земји на Блискиот исток и Северна Африка, истите земји што биле исцртани деветстотини години пред тоа од страна на картографите на кои Нур толку многу им се воодушевува. На тоа патување, во чудесната приказна за Равија, Нур ќе најде сила и храброст, и ќе сфати што значи дом.

„Таа древна, понекогаш мистична врска помеѓу географските карти, луѓето и знаењето е окосницата на Мапирање на сол и ѕвезди, двојна приказна за патување и егзил, која се движи меѓу современата завојувана Сирија и карван-сараите и ановите на нејзиното исчезнато минато.“ - New York Tims Book Reviw

„Овој имагинативен, но реален приказ на Сирија разорена од војната е задолжителна лектира.“ - Booklist

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Мапирање на сол и ѕвезди

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Зејн Џухадар
  • Достапност: На залиха
  • 420 ден
  • 315 ден


  • 1 или повеќе 315 ден

Слични продукти

Ноќно пливање

Откако првата сезона од нејзиниот подкаст за вистински злосторства станува сензација преку ноќ и осл..

Автор:

392 ден 490 ден

Италијанската ќерка

Неверојатно волшебен и трогателен роман за изгубена љубов, семејни тајни и истрајна надеж.Есте отсек..

Автор:

368 ден 490 ден

Кога верувавме во сирени

Срцето може буквално да боли, не метафорично – од тежината на споменот, копнежот и бесот.Пред многу ..

Автор:

400 ден 500 ден

Дванаесетте соби на Нил

Тој е женкар и боем, и во тој момент сѐ уште немал напишано ниту еден збор од Госпоѓа Бовари. Таа ќе..

Автор:

375 ден 500 ден

Ознаки: mapiranje na sol i dzvezdi, zejn djuhadar