Во 1981 година, Глазгов тоне во економска и социјална криза. Агнес Бејн со своите три деца и сопругот е принудена да се пресели во малиот стан на своите родители. Борејќи се со сиромаштијата, депресијата и насилството на кое е секојдневно изложена, Агнес сè повеќе сфаќа дека никогаш нема да го живее животот што го посакува. Нејзиниот најмал син, Шаги, е единствениот што сонува дека љубовта, сепак, може да го спаси неговото семејство.
„Шаги Бејн“ е роман за растењето и созревањето на едно момче, за распаѓањето на едно семејство, за безусловната љубов, за борбата со сопствените демони и роман за пропаста на едно општество. Раскажан едноставно и низ детска перспектива, а истовремено комплексен во поглед на темите и мотивите што ги разработува, „Шаги Бејн“ е трогателен и незаборавен роман.
„Пишувајќи со голема топлина и сочувство кон ликовите, Стјуарт создава роман за својот живот без да пишува автофикција. Приказната е потресна, но ги воздигнува читателите во име на книжевноста.“ - Гардијан
Шаги Бејн
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Даглас Стјуарт
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Едно лето во Италија
Кога ќе почине мајка ù на Кети, таа се чувствува изгубено. Керол не ù била само мајка, туку и најдоб..
336 ден 420 ден
Атлас: Приказната на Тате Солт
1928 година, ПаризНајдоа едно момче, непосредно пред смртта. Го зеде едно учтиво семејство. Паметно ..
705 ден 940 ден
Ознаки: sagi bejn, daglas stjuart
