Април, 1906 година. Разорувачки земјотрес го тресе Сан Франциско токму пред изгрејсонце исплукувајќи го пеколот на површината на земјата. Многу животи згаснуваат, но некои се раѓаат од пепелта засекогаш променети.
Софи Вејлен, млада ирска имигрантка, е очајна да се спаси од мачниот живот во Њујорк, па одговара на огласот за невеста во весникот и се согласува да се омажи со маж што не го познава. Вдовецот Мартин Хокинг е занесно згоден и има неверојатни очи, но е воздржан и многу често патува по работа. Петгодишната ќеркичка на Мартин, Кет, веднаш ѝ го освојува срцето на Софи, но чудното однесување на новиот сопруг ѝ разгорува сомнеж дека нешто не е како што треба во нејзиниот нов живот.
Животите им се менуваат една ранопролетна вечер кога непозната личност им се појавува на врата. Судбините им се испреплетуваат вечерта пред ужасниот земјотрес впуштајќи ги на опасно патување на кое ќе ги откријат својата сила и сознанието дека љубовта умее да го победи стравот.
„Кревки нешта“ е емотивна приказна за силата на мајчината љубов, женската солидарност и пријателствата.
Кревки нешта
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Сузан Мајснер
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
440 ден
-
- 1 или повеќе 440 ден
Слични продукти
Возот за Самарканд
Во 1923 година болшевичката влада одлучила околу 150 000 напуштени деца итно да бидат евакуирани во ..
450 ден 600 ден
Поважно од животот
Џорџина, навистина, се потруди да се трансформира во жена каква што посакува Хју Вилијамс. На триесе..
338 ден 450 ден
Каде што шумата се среќава со ѕвездите
По губењето на мајката и борбата со ракот на дојка, Џоана Тил продолжува со истражување на птичјите ..
312 ден 390 ден
Ознаки: krevki nesta, suzan majsner

