Нејзините зборови едно време палеа огнови во срцата на читателите. Но, по фијаското со филмската адаптација на една од нејзините книги, гневните онлајн напади на разочараните читатели ја принудуваат Петра Роуз да се повлече, а тоа резултира со пробиени крајни рокови и неплатена хипотека. Обележана како измамничка и гладна за слава и пари, Петра си ја учи лекцијата што се случува кога интернетот ќе се сврти против тебе. И оттогаш не може да пишува повеќе.

Сега, со речиси целата заштеда потрошена и само груб нацрт план за нејзината следна мистерија, се повлекува во изолирана колиба покрај езеро, надевајќи се дека ќе пронајде инспирација таму. Тоа е нејзиниот последен обид да си ја спаси кариерата, но и себеси.

И тогаш се појавува тој. Детективот Натаниел доаѓа со вознемирувачки вести, а самото негово присуство потпалува креативност. Зборовите брзо почнуваат да се враќаат, а фиктивниот детектив страшно наликува на оној реалниот, кој станува нејзина муза. Нивното „истражување“ ги преоѓа границите на фантазијата и реалноста. Секој поглед, секој допир ја вовлекува во светот во кој мислела дека никогаш повеќе нема да се изгуби. Никогаш не се чувствувала пожива.

Но, олку моќна инспирација си доаѓа со цена… Кога тој почнува да си ја сфаќа својата улога во нејзината кариера малку пресериозно, Петра е принудена да се соочи со новосоздадениот хаос.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Жена на дното

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Колин Хувер
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден
  • 440 ден


  • 1 или повеќе 440 ден

Слични продукти

Оние што си заминаа и оние што останаа

Мајка! Колку моќно звучи тоа. На овој свет веројатно нема ништо посилно од мајчинството. Дури ни они..

Автор:

323 ден 430 ден

12 стола

„12 стола“ е класика на светската сатира. Книга којашто Индепендент ја нарекува „Book Of A Life..

Автор:

350 ден 500 ден

Согласност

Повеќе од триесет години од настаните што ги опишува во својата книга, Ванеса Спрингора го претставу..

Автор:

323 ден 430 ден

Две свеќи

Во оваа топла и инспиративна приказна, таткото на забавен начин ѝ ја пренесува на својата ќерка тајн..

Автор:

315 ден 450 ден

Ознаки: zena na dnoto, kolin huver