„Покајание” е трогателна приказна за љубовта и простувањето. Неизвесна и возбудлива книга што се чита во еден здив, исполнета со книжевна проникливост што не поттикнува да се запрашаме дали најлошото нешто што сме го направиле е единственото што нѐ дефинира.
Кога во домот на Анџи и Дејвид Шиан се случува шокантно убиство, нивните животи се распаѓаат. Очајни да си го заштитат семејството, се обраќаат за помош кај адвокатката од малото гратче, Мартин Думон. Но, Мартин не е само нивен правен советник, туку и мајка на првата љубов на Анџи, Џулијан, денес успешен адвокат за кривична одбрана во Њујорк. Додека Џулијан и Анџи се соочуваат со заедничкото минато и одамна потиснатата вина од една трагична несреќа што се случила во минатото, тие мора да се справат со сопствената одговорност и нерешените чувства помеѓу нив.
Приказна што се протега низ децении, од скијачките патеки во рурално Колорадо, до улиците на Њујорк пред 11 септември. Дебитантскиот роман на Кристин Ковал „Покајание” е длабока приказна за сложеноста на семејната лојалност, патот на искупувањето и моќта на вистинското простување.
Покајание
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Кристин Ковал
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
443 ден
-
- 1 или повеќе 443 ден
Слични продукти
Под Змејската Карпа
Откако ќе биде тешко ранет на фронтот во Русија, младиот австриски војник Феит Колбе ќе биде вратен ..
378 ден 540 ден
Еднаш и засекогаш
Една од најмаестралните и најтрогателните љубовни приказни на Џудит Мекнот ја оживува на хартија нев..
392 ден 490 ден
Лажливиот живот на возрасните
Уште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните.Убавото лице на 13-год..
360 ден 450 ден
Ознаки: pokajanie, kristin koval

