Во виорот на војната една млада жена е на крстопат. Тоа што ќе го направи ќе ја прогонува до крајот на животот. Но, чудесната игра на судбината потврдува дека љубовта и надежта никогаш не умираат.
Оксфорд, Англија. Младата студентка по историја, Кендра Ван Зант, доаѓа во една живописна селска куќа за да ја интервјуира деведесет и двегодишната Изабел Мекфарланд, една од ретките живи сведоци на Лондонскиот Блиц. Она што Кендра го учи од Изабел е и подарок и товар што ќе ги тестира сите нејзини верувања.
Англија во 1940-тите. Во страв од германски воздушни напади врз Лондон по падот на Франција, започнува голема евакуација на околу милион градски деца на село. Петнаесеттодишната Еми Даунтри и нејзината помлада сестра Џулија се вдомени во прекрасна селска куќа во регионот Котсволд. Но, горливата желба на Еми да се врати во градот и да ја продолжи кариерата како дизајнер на венчаници се коси со нејзиното чувство за должност кон нејзината сестра Џулија, која ужива во нивниот престој на село.
Во истиот момент кога девојките тајно се враќаат назад во Лондон, започнува страшното бомбардирање на градот, сестрите ненадејно се разделуваат, а текот на нивните животи неотповикливо се менува. Еми не може да си го прости тоа...
Тајните на среќниот живот
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Сузан Мејснер
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Еднаш и Тогаш
„Еднаш“ е приказна за едно Еврејче кое е решено да побегне од сиропиталиштето каде што живее за да г..
360 ден 450 ден
Домот за несакани девојчиња
Во 50тите години на минатиот век, во Квебек, Францизите и Англичаните се поднесуваат меѓусебно со не..
443 ден 590 ден
Линија помеѓу две неба
Моќно создадена книга, во која ќе се допрат луѓето и ѕвездите и случајно ќе се измешаат неколку судб..
263 ден 350 ден
Ознаки: tajnite na srekjniot zivot, suzan mejsner

