Лондон, 1940 година. Паѓаат бомби, а светот на Џози Бенкс се руши околу неа. Не може да го контактира својот заштитнички настроен сопруг, Стен, бидејќи е заминат со војската. Домот ѝ е сведeн на урнатини и пепел. Саканата сопственичка на чајџилницата, каде што работи Џози, загинува, а таа е повредена и нема каде да оди.
Ја евакуираат на село во Англија и завршува на имотот на аристократката Мис Харкорт, незгодна домаќинка на преживеаните во Блицот. Одушевена од прекрасните глетки на село, Џози гледа можност. Ја убедува Мис Харкорт да ѝ дозволи да отвори скромна чајџилница, гледајќи го тоа како шанса сите да почнат одново. Штом ќе го сретне Мајк Џонсон, згоден канадски пилот на служба во соседната авионска база, меѓу нив се јавува интимност која ѝ носи внатрешен мир што никогаш не го почуствувала.
Но, Стен се враќа од војна. Опасноста што демне е поголема отколку што некој би можел да замисли. Опасна тајна се заканува повторно да го преврти животот на Џози. Нејзината нова храброст ќе биде ставена на тест, ако сака да исплива како спасеник, во триумф...
Каде што почнува небото
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Рис Боуен
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
368 ден
-
- 1 или повеќе 368 ден
Слични продукти
Луѓето што се секогаш со мене
Берд е мало гратче сместено меѓу ерменските планини. Таму секоја куќа има своја приказна, секој сосе..
273 ден 390 ден
Заговорот на Тудорите
Каква судбина кралицата Мери ѝ крои на сестра си, Елизабета?Дали Роберт Дадли сè уште се обидува да ..
413 ден 550 ден
Предодредени еден за друг
Може ли таа да ги издржи бурите од животот што дуваат во неа?Во 1869 година, семејството на Глоријан..
315 ден 450 ден
Ознаки: kade sto pocnuva neboto, ris bouen

