Брадестиот убавец и зафркнат ерген-фризер сака само тишина. А, добива… невеста во бегство и едно премудро девојче.
Нокс Морган преферира да го живее животот како што го пие кафето: сам. Добро, во друштво и на неговото верно куче од расата басет што се одѕива на името Вејлон. Драма? Не е негов стил – особено не кога доаѓа во форма на невеста бегалка, заглавена во неговото мало, бурно гратче.
Наоми не избегала само од олтарот. Таа тргнала кон Нокмаут, Вирџинија, за да ја спаси својата забегана сестра близначка. Но, градот е сè освен гостопримлив – а нејзината сестра не само што не се сменила туку и ѝ го краде автомобилот, парите… и ѝ остава внука за која Наоми немала поим дека постои. Сега, таа е без ништо – освен одговорноста за едно единаесетгодишно девојче што се однесува како возрасна личност. Без план. Без дом. Без излез…
Нокс знае да се држи подалеку од комплицирани жени и срцепарателни ситуации. Но, откако животот на Наоми се распаѓа пред неговите очи, чувствува дека мора да ѝ помогне. Додека повторно не дојде до мир и самотија. Но, неволјите на Наоми брзо се претвораат во вистинска опасност.
А, кога срцето ќе почне да зборува погласно од разумот, тешко е да останеш сам…
Нештата што не ги преболевме
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Луси Скор
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Формула за сродна душа
Да си ја пронајдеш сродната душа преку ДНК?Џес Дејвис е волшебник кога станува збор за обработување ..
368 ден 490 ден
Елизабет Финч
„Елизабет Финч“ е комплексен роман за преплетувањето на минатото и сегашноста и за толкувањето и раз..
273 ден 390 ден
Сестрите Романови
Приказна за историска вистина, за изгубените животи на ќерките на царот Николаj и Александра.17 јули..
413 ден 550 ден
Збогум, сеништа
Ида има триесет и нешто години, живее со својот сопруг во Рим и работи за радиостаница. Тукушто прис..
225 ден 300 ден
Ознаки: nestata sto ne gi prebolevme, lusi skor
