Фредрик Бакман се враќа со незаборавна, духовита и длабоко трогателна приказна за четворица тинејџери, чие пријателство создава врска која е толку силна што, дваесет и пет години подоцна, ќе го промени животот на еден сосема непознат човек.
Повеќето луѓе воопшто не ги ни забележуваат, три минијатурни фигури седнати на крајот на долга рибарска платформа, во аголот на една од најпознатите слики во светот. Повеќето мислат дека тоа е само слика на море. Но, Луиза, која мечтае да стане уметник, знае дека постои нешто повеќе и решена е да ја открие приказната на овие три загадочни силуети.
Дваесет и пет години порано, во едно далечно приморско гратче, група тинејџери наоѓаат прибежиште од своите болни семејни животи, минувајќи ги долгите летни денови на една напуштена платформа, раскажувајќи глупави шеги, споделувајќи тајни и извршувајќи мали чинови на бунтовништво. Овие изгубени души еден во друг ќе пронајдат причина да станат секое утро, причина да сонуваат, причина да сакаат.
Од тоа лето ќе се роди величествено уметничко дело, слика што неочекувано ќе биде доверена на осумнаесетгодишната Луиза. Таа почнува патување полно со изненадувања, за да открие како настанала сликата и да одлучи што да направи со неа. Колку повеќе се приближува до родното местото на сликата, толку повеќе се плаши што ќе открие.
Луиза е доказ дека среќните краеви не секогаш изгледаат така како што очекуваме во ова прекрасно сведоштво на преобразувачката и безвремена моќ на пријателството и уметноста...
Моите пријатели
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Фредрик Бакман
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Збогум, сеништа
Ида има триесет и нешто години, живее со својот сопруг во Рим и работи за радиостаница. Тукушто прис..
225 ден 300 ден
Драг Едвард
Едно летно утро, дваесетгодишниот Едвард Адлер, заедно со брат му, родителите и уште 183 патници се ..
360 ден 450 ден
Диви црешни
Дивите црешни живуркаат на периферијата на едно обично село, во кое живее и едно обично семејст..
273 ден 390 ден
Некој друг живот
Близначките Ирене и Марта ван дер Линден безгрижно ги минуваат детството и младоста во живописното г..
293 ден 390 ден
Ознаки: moite prijateli, fredrik bakman
