Неверојатно волшебен и трогателен роман за изгубена љубов, семејни тајни и истрајна надеж.
Есте отсекогаш веруваше дека животот ќе го помине со љубовта од нејзиното детство, Феликс. Но, кога нејзиниот неверојатен талент за танц ќе овозможи да се пресели во поголем град и да се грижи за нејзината мајка, таа знаеше дека мора да ја жртвува својата среќа за иднината на нејзиното семејство и шансата за подобар живот.
Но, години подоцна, во град со повеќе од милион жители, Феликс ја пронаоѓа Есте. Должен да се венча со ќерката од едно истакнато семејство, тој е подготвен да жртвува сè за да биде со љубовта на неговиот живот. Но, Есте знае дека поддршката од неговото семејство и средствата за живејачка може засекогаш да ги загуби доколку таа каже „да“. Дали таа може навистина да си го следи срцето, ако тоа значи дека тој ќе изгуби сè?
Лондон во сегашноста, Лили држи избледен лист хартија во рацете, знаејќи дека нејзиниот живот никогаш повторно нема да биде ист. Додека тагува по нејзиниот покоен татко, нејзе ѝ е кажано декa нејзината баба била родена во дом, а единствените траги што водат до нејзиното минато се состојат од рачноиспишан италијански рецепт и стар леток од театар. Очајна за одговори, Лили прифаќа работа во италијанска винарија – сон за кој мечтаел и татко ѝ. Лили добива топло добредојде од шармантниот син на сопственикот, Антонио, и додека тие разговараат во текот на ноќта, Антонио ѝ нуди помош да го открие потеклото нa нејзиното семејство.
Но, кога пристигнуваат во селото на Есте и Феликс, Лили открива трагична љубовна приказна што има моќ да ја промени нејзината иднина. Додека ја открива вистината за нејзиното наследство, таа почнува да се вљубува во Италија и во Антонио.
Дали Лили може да се откаже од сè што некогаш знаела и одново да го изгради својот живот, или пак ризикот од скршено срце ќе ја примора да се врати дома?
Италијанската ќерка
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Сораја Лејн
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
368 ден
-
- 1 или повеќе 368 ден
Слични продукти
Сестри на сончогледите
Бестселерот на Марта Хол Кели – "Јоргованот секогаш цвета по зимата", кој се продаде во милиони..
488 ден 650 ден
Тоа што го бараш, ќе го најдеш во библиотеката
Читателите сами си создаваат лични врски со зборовите, без разлика што сакал да каже авторот, и прит..
304 ден 380 ден
Анот на загубените души
Лион, 1896 година. Бланша е примерна сопруга на прочуен производител на свила. И покрај тоа што си г..
443 ден 590 ден
Еднаш и засекогаш
Една од најмаестралните и најтрогателните љубовни приказни на Џудит Мекнот ја оживува на хартија нев..
392 ден 490 ден
Ознаки: italijanskata kjerka, soraja lejn

