Осумнаесетгодишната Френсис, најмладата ќерка на Оливер Кромвел, водач на парламентарните сили во Англиската граѓанска војна, го наоѓа своето место во новиот центар на моќ на Англија.
По превирањата од Граѓанската војна, земјата полека се враќа во состојба на кревка стабилност. Таткото на Френсис се искачува на новата позиција на лорд протектор на Комонвелтот, и Френсис, која имала скромно детство, наеднаш се наоѓа во раскошните палати во Хемптон Корт и Вајтхол, каде што сонува дека сигурно на дворот ќе ја најде својата љубов.
Но, по обидот за атентат врз семејството Кромвел, Френсис сфаќа дека нејзината позиција е несигурна и опасна – а кога на татко ѝ официјално ќе му ја понудат круната, судбината на Френсис одеднаш добива дипломатско и династичко значење.
Дали таа ќе стане политички пион или можеби ќе го искористи својот нов статус за да ја преземе контролата и да ги реализира сопствените амбиции?
Пуританската принцеза
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Миранда Малинс
- Достапност: На залиха
- 600 ден
-
420 ден
-
- 1 или повеќе 420 ден
Слични продукти
Истоветниот пат на секојдневието
Љубовта, созревањето и учењето на романската ученичка и студентка Летиција се носечка сторија во ром..
375 ден 500 ден
Последната книжарница во Лондон
Безвременски роман за храброста, љубовта и трајната моќ на книгите, инспириран од вистинска приказна..
315 ден 450 ден
Вилинско коњче
На колкава возраст сме подготвени за најтешките разделби и загуби?Смртта секогаш нè фрла во ладна во..
245 ден 350 ден
Точка на враќање
Дали несреќата е само за да се разбере среќата? Дали доброто е несфатливо без злото?Кога живото..
149 ден 199 ден
Ознаки: puritanskata princeza, miranda malins
