Поминав толку време туркајќи го чамецот што заборавив да се качам во него. Сега е на отворено море и е мошне убаво да се гледа како плови… 


Сирил Ејвери не е вистински Ејвери, како што нагласува татко му. И никогаш нема да биде. Мајка му – бремена девојка избркана од родното село поради сторениот грев – оди во Даблин, каде што го раѓа својот вонбрачен син. Сирил завршува кај една богата ексцентрична двојка кај која ништо не му недостига. Освен љубов.


Сирил е залутан во големата куќа и во светот и единствената светла точка во неговото детство се запознавањето со необичното момче Џулиен и љубовта кон него. Препуштен на судбината и случајноста, му претстои тежок пат кон себеси и кон корените, за да ја прифати својата нетрадиционална сексуалност и да се избори со суровоста на светот.


Мајсторско дело од авторот на „Момчето во пижами на риги“, трогателна и драматична одисеја на еден обичен човек и на една цела нација, залутани во времето. Привлечна, скандалозна, парадоксална и на места забавна, длабока и умна книга за љубовта која не е секогаш таква каква што си ја замислуваме. 

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Невидливите бесови на срцето

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Џон Бојн
  • Достапност: На залиха
  • 750 ден
  • 600 ден


  • 1 или повеќе 600 ден

Слични продукти

Принцезата Бари

Принцезата Бари е современа приказна за младата севернокорејска бегалка, присилена да ја напушти сво..

Автор:

315 ден 450 ден

Млекарот

Животот на една осумнаесетгодишна девојка одеднаш целосно ќе се промени кога ќе сфати дека ја демне ..

Автор:

413 ден 590 ден

Покајание

„Покајание” е трогателна приказна за љубовта и простувањето. Неизвесна и возбудлива книга што се чит..

Автор:

443 ден 590 ден

Ќеркичка

„Ќеркичката“ живее во мало гратче во западна Украина со својот татко, кој еден ден заминува на работ..

Автор:

252 ден 360 ден

Ознаки: nevidlivite besovi na srceto, djon bojn