Водата се стврднува при неповолни услови, исто како и човечкото срце...
Во древноста, крај животодавната река Тигар, една мала дождовна капка паѓа врз главата на суровиот владетел Асурбанипал, опседнат со глинените плочи на кои е запишан познатиот еп за Гилгамеш. Следејќи го цикличниот пат на капката низ вековите, патуваме низ земјите и културите, а нејзините промени нè носат до нови херои: момче со генијална меморија родено на брегот на валканата Темза во викторијански Лондон, наглуво девојче кое во 2014 г. со баба ѝ заминува во долината Лалиш, свето место на нејзиниот народ соочен со уништување. Во наши дни, ним им се придружува една научничка која го напушта сопругот и се сместува во својот нов дом: брод на реката Темза.
Овој волшебен роман на Елиф Шафак ги следи чудесните текови на водата, историјата и судбините, испишувајќи приказна проткаена со длабока емпатија за несреќните и отфрлените. Водата владее над сите нив – таа е и предвесник на животот и гласник на смртта. Иако телото е смртно, душата е вечен патник – исто како капката вода. Водата памети. Луѓето забораваат.
„Одисеја, еп, приказна за искупување. ‘На небото има реки’ е повик да им се оддаде почест на елементарните сили кои ни ги обликуваат сеќавањата, историите, нашиот свет. Накратко – ремек-дело.“ - Рут Озеки
На небото има реки
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Елиф Шафак
- Достапност: На залиха
- 650 ден
-
520 ден
-
- 1 или повеќе 520 ден
Слични продукти
Светлината над Лондон
Срцепарателна приказна за две жени разделени со генерации коишто се справувале со предизвиците кои н..
338 ден 450 ден
На земјата сме кратко прекрасни
Да почнам повторно, ќе напише Мало Куче, младич во дваесеттите години, во првиот ред на писмото..
338 ден 450 ден
Девојката на перонот
Инспиративен, крајно потресен роман заснован на вистинската приказна за Либертас Шулце-Бојзен, храбр..
343 ден 490 ден
Никогаш повеќе нема да ме видиш
Кога сопругот на Бети се враќа од војна тешко повреден и неприсебен со физчки и психички лузни, тој ..
329 ден 470 ден
Ознаки: na neboto ima reki, elif safak
