Епски роман за Виолета дел Ваље, чиј живот, долг еден век, го опфаќа времето на најголемите историски настани на XX век, во светот и во нејзината земја од Латинска Америка – Големата депресија, Втората светска војна, диктатури, природни катастрофи, две светски пандемии, и тоа на „шпанскиот грип“ при нејзиното раѓање во 1920 година и на коронавирусот при нејзината смрт во 2020 година.
Преку долго писмо упатено на саканиот внук Камило ги опишува најважните моменти што го обележале нејзиниот живот: страсните романси и љубовни разочарувања, моментите на болка и на страв, времињата на сиромаштија и на богатство, на тешки лични трагедии и на голема среќа. Но врз нејзиниот живот не влијаат само личните и историските настани. Него го обликуваат и поддршката на женските организации за борбата за женските права и борбата против семејното насилство.
Изабел Аљенде повторно ни нуди возбудлив роман, исполнет со топлина и длабоки емоции.
Виолета
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Изабел Аљенде
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Завеани за Божиќ
Таа е завеана со семејството. Единствениот проблем? Тоа не е нејзиното семејство…Семеен собирОвој Бо..
368 ден 490 ден
Американската авантуристка
Приказната за Џени Џером Черчил, мајката на Винстон Черчил, наследничка родена во Њујорк, ..
488 ден 650 ден
Јас, Маргарита
Јас, Маргарита” е книга со раскази за мажи и жени, љубов и омраза, цинизам и надеж – интересна и по ..
210 ден 300 ден
Магичен час
Еден ден, од длабочините на Националната шума Олимпик излегува шестгодишно девојче и се качува на др..
413 ден 550 ден
Ознаки: violeta, izabel aljende
