Сага за четири генерации на семејството Труеба, нивните драматични семејни односи, успеси и падови.

Естебан Tруеба е конзервативен човек, многу строг и жртва на избувливиот карактер и политичките амбиции, што ги ублажува само љубовта кон неговата мистична сопруга, Клара, која има дар да ја предвидува иднината и да се поврзе со светот на духовите. Нивната ќерка Бланка е во забранета врска со маж кој Естебан го смета за недостоен. Таа на својот татко му создава многу нервоза, но ќе му ја донесе и најголемата радост: внуката Алба. Убава и паметна девојка која ќе настрада поради политичката определба на човекот што го сака.

Во заднината на романот ги следиме општествените превирања во земјата во период што опфаќа голем дел од XX век без да се споменат директно имињата на историските личности, но во ликот на Кандидатот/Претседателот се препознава Салвадор Аљенде, а на Поетот – Пабло Неруда.

Авторката го комбинира натприродното со лична верзија на магичниот реализам создавајќи заплет во кој се испреплетуваат секојдневното и магичното, љубовта и револуцијата, личните идеали и суровата политичка реалност.

„Куќа на духови“ е нејзиниот прв роман, кој беше прогласен за роман на годината во Чиле и постигна молскавичен успех, станувајќи меѓународен бестселер. Во 1993 година е направена филмска адаптација со Џереми Ајронс, Мерил Стрип, Глен Клоуз, Винона Рајдер, Антонио Бандерас и Ванеса Редгрејв.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Куќа на духови

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Изабел Аљенде
  • Достапност: На залиха
  • 600 ден
  • 450 ден


  • 1 или повеќе 450 ден

Слични продукти

Еленор Олифант е океј

Запознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си им..

Автор:

320 ден 400 ден

Разоткривање

Во "Вкусот на гревот" и во продолжението "Разоткривање" на овој бестселер, секоја реченица е храбра,..

Автор:

368 ден 490 ден

Бездомникот со златен часовник

Во мразната 2027, кога мрачните улици се расплакани сведоци на кризните времиња, еден бездомник, чиј..

Автор:

225 ден 300 ден

Ќерка на правта

Оваа убаво напишана книга совршено потсетува на топлината и бојата на пустината од Северна Африка.Ле..

Автор:

315 ден 420 ден

Ознаки: kukja na duhovi, izabel aljende