„Ловец на спомени“ е егзистенцијална сага, драматична игра проткаена со копнеж. Виртуозна приказна, филигрански доловена со препознатливиот, лиричен сензибилитет на книжевното перо на Серафимовска. Роман што покрај носталгијата, кај читателот буди јасна надеж и предизвикува наслада за сите сетила.
Сегашност, Чикаго. Младиот академски сликар Бенџамин Блумфилд запаѓа во тешка финансиска ситуација и навидум безизлезна, психолошка криза. Смртта на неговата мајка Естер Хантер само го продлабочува емотивниот колапс. Тој очајно ,,чекори по танко јаже“ додека истовремено жонглира со разнишаната долгогодишна врска со неговата свршеница Леонора Ларсен – модел за долна облека од нордиско потекло, но и со својот отуѓен татко Џејкоб Блумфилд, богат и успешен кривичен адвокат со кого имаат комплициран однос.
Љубовта кон мајката е окосница на оваа топла и трогателна приказна. Споменот на неа е како светилник, но и тој, полека му избледнува од потсвеста. Соочен со своите внатрешни демони и прогонуван од соништата, Блум се бори со сите сили да исплива од тој длабок океан на тагата. Само љубовта е она што, сепак, го одржува на површината…
Ловец на спомени
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Катерина Серафимовска
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Замрачување
Во нарација подеднакво маѓепсувачка и мистериозна како и сеќавањето – ја дознаваме приказната за Нат..
263 ден 350 ден
Девојките од платната
Овој возбудлив роман е сместен во бел епок, париското златно време на убавината и бонвиваните, апсин..
360 ден 480 ден
Ознаки: lovec na spomeni, katerina serafimovska
