Годишните времиња се движат во круг. Исто и животот. Минува низ тешки зими, но на крајот, секогаш доаѓа пролет.
Не можеме да видиме што навистина се крие во срцето на другиот. Кога тонеме во своите грижи, стануваме слепи за чувствата на најблиските. А кога конечно ќе се разбудиме, посакуваме да ги смениме нештата. Што ако навистина постои место во кое можеме да се вратиме во времето?
Во приказната на Тошиказу Кавагучи постои едно кафуле во кое можеме да се вратиме во времето. Но притоа мораме да следиме неколку правила, инаку патувањето може да заврши фатално. Најзначајно е дека треба да се вратиш во сегашноста пред да се излади кафето и дека не смееш да го менуваш минатото. Дали е разумно да се враќаш во времето ако не можеш да го промениш?
Во оваа книга ќе сретнеш неколку ликови кои го прифаќаат предизвикот. Тие ќе те премислат. Ќе ти откријат дека враќањето во времето навистина има смисла, дури и ако подразбира само одново доживување на истиот миг. На крајот, ќе видиме дека во тоа е и суштината – да го живееме секој миг како да нема да се повтори никогаш повеќе.
„Ретко се среќаваат вакви приказни кои завршуваат со искрени солзи радосници.“ - Њујорк тајмс
Приказни од кафулето
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Тошиказу Кавагучи
- Достапност: На залиха
- 380 ден
-
304 ден
-
- 1 или повеќе 304 ден
Слични продукти
Свежа вода за цвеќиња
Освен вечно актуелните теми – тага, надеж, загуба и љубов, во оваа книга нежно се допираат и сите ма..
450 ден 600 ден
Испреплетени лози
Фиона отсекогаш знаела да чува тајни – дури и од таткото што ја одгледал. Таа е единствената што зна..
392 ден 490 ден
Загубените писма
Во мугрите на првата светска војна, во градината каде штотуку процутила љубовта, една девојка мора д..
368 ден 490 ден
Три јаболка паднаа од небото
Три јаболка паднаа од небото – „едно за оној што видел, друго за оној што раскажал, а..
266 ден 380 ден
Ознаки: prikazni od kafuleto, tosikazu kavaguci
