Мигел и Елена се среќаваат во старски дом во Тарифа, на возраст во која веруваат дека преживеале се. Мигел се плаши да лета. Елена е смртно преплашена од морето. Далеку од децата, тие чувствуваат дека не се потребни никому. Драматичното самоубиство на едниот од станарите во домот им ги отвора очите.
Тие не сакаат да ги поминат последните денови во копнеење по божемно поубави времиња, па затоа решаваат да тргнат на најголемото патување во нивните животи - за да се соочат со мракот во нивното минато и за да откријат дека ништо не е завршено се додека човек има соништа што сака да ги исполни.
Во меѓувреме, во далечниот шведски град Малме, младата Јасмина, ќерка на марокански имигранти која сонува да стане пејачка, живее заробена меѓу контролата на нејзиниот авторитативен дедо Абдул и презирот на мајка и, која се срами од Јасмина, зашто таа работи за Швеѓанец со матно потекло. Во исто време ја одржува и тајната романса со заменик-началникот на Шведската полиција, постар и важен човек.
И, додека Јасмина тоне се подлабоко во криминалното подземје на Малме, а Мигел и Елена се приближуваат кон крајот на нивното трескавично патување, Виктор дел Арбол мајсторски и величествено ја насликува историјата на насилство што цврсто ги поврзува нивните навидум различни животи.
Минатото, сегашноста и иднината се испреплетуваат на ова патување од Тангер во 1955 година до Малме во 2014 година, метафора за едно многу поважно патување: дека животот секогаш треба интензивно да се живее.
Над дождот
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Виктор Дел Арбол
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
443 ден
-
- 1 или повеќе 443 ден
Слични продукти
Ти треба само љубов
И покрај сите подеми и падови, мраз и темнина, неочекуваната љубов го полни срцето со среќа...
248 ден 330 ден
Жена на дното
Нејзините зборови едно време палеа огнови во срцата на читателите. Но, по фијаското со филмската ада..
440 ден 550 ден
Вистински бои
Сестрите Греј отсекогаш биле блиски, но по смртта на мајка им стануваат и најдобри другарки. За жал,..
472 ден 590 ден
Приказничар
"Кога неодамна се занимавав со јубилеите во 2024, сфатив дека се навршува и четврт век од моето прво..
225 ден 300 ден
Ознаки: nad dozdot, viktor del arbol

