Во април, 1992 год. Аида има едвај шест години, кога заедно со мајка си бега од војната во Босна и Херцеговина, од нејзиното мало планинско село. Да се стигне до границата со Италија значи патување во бескрајна темна ноќ, средба со непознатото, со ужасот, но таму ја чека нејзиниот татко и спасот. Аида расте во Милано и наоѓа начини како да порасне во непознатата земја, додека војната го брише единствениот свет што таа го познава. Расте во болката и збунетоста предизвикани од принудената преселба, која ги уништува животите на нејзините родители. Ниту раѓањето на нејзиниот брат, долгоочекуваното машко дете, нема да го врати мирот и среќата во семејството, бидејќи тие постојано живеат во друг свет, свет што веќе не постои.
"...Се смени пејзажот, преку стаклата се гледаше празна рамнина, без дрвја, и темното сонце кое не потеше. Некоја чудна ведрина се рашири меѓу луѓето, мајка ми ми кажа дека нема уште многу, в зори ќе стигнеме на последната граница.
'А, потоа ќе бидеме спасени.'
Така кажа, спасени..."
А потоа ќе бидеме спасени
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Александра Карати
- Достапност: На залиха
-
390 ден
Слични продукти
Диви црешни
Дивите црешни живуркаат на периферијата на едно обично село, во кое живее и едно обично семејст..
390 ден
Кукларот
Јакоп е осаменик и чудак од раѓање, слеп патник во секое друштво. Оди на погреби на непознати луѓе, ..
400 ден
Неговите бели ракавици
Сеќавањето е лажливо... Страста е ѓаволска работа. Нема ниту да трепнеш, а таа ќе помине и ќе остане..
390 ден
Собата на пеперутките
Поузи Монтакју се приближува до својот седумдесетти роденден. Адмирал хаус, нејзиниот сакан дом од д..
550 ден

