На прв поглед Катарина Сафран е олицетворение на успехот. Нејзиното име е синоним за вештина, стручност и неуморна посветеност на медицинската професија и на кардиохирургијата. Нејзиниот ум е беспрекорен, а рацете и се сигурни во операционата сала. Мажена е за успешен француски бизнисмен. Живее живот од соништата во луксузен апартман во центарот на Чикаго.
Меѓутоа, ноќниот лет на релацијата Чикаго-Белград засекогаш ќе промени се. Таа судбоносна ноќ ќе ги разниша темелите на постоењето на Катарина и ќе ја наведе да го преиспита целиот дотогашен живот. Во тој клучен момент ќе сфати дека, стремејќи се кон подобро, запоставила некои од најважните работи во животот. Вклучувајќи ја и сопствената среќа.
Новиот роман на јелена Бачиќ Алимпиќ "Последните часови" ни ја открива трогателната, на моменти болна вистина, дека можеби најважните моменти во нашиот живот се оние што не принудуваат да се соочиме со своите демони, желби и предизвици.
Оваа приказна за храброста и потрагата по вистинската смисла на животот ќе ви остане врежана во сеќавањето како инспирација никогаш да не се откажете од потрагата по суштината во времето што ви е дадено.
Последните часови
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Јелена Бачиќ Алимпиќ
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Прекрасен свету, каде си
Емоционална драма што се чита во еден здив.Ретки се длабоките пријателства како она на младата роман..
375 ден 500 ден
Конци на судбината
Возбудлив историски и шпионски роман во кој се испреплетуваат високата мода, политичките заговори и ..
488 ден 650 ден
Ознаки: poslednite casovi, jelena bacikj alimpikj

