Најскапоценото нешто што го имам е срцето, а него не можам да ти го дадам, па ти го давам тоа што ми помогна да го запознаам.
Маел, директорка за финансии во успешна развојна фирма, живее забрзан живот што се сведува на одење на работа и повремени задоволства. Нејзините соништа... зар таа има време за нив? Во тој строго испланиран живот нема место за мечти, сѐ до денот кога нејзината најдобра пријателка, Романа, ќе ја замоли за голема услуга.
Прашање на живот и смрт.
Маел е пред најважниот тест, но сепак прифаќа и оди на патување во далечниот Непал. Искачувањето кон врвовите на Анапурна, на хималајскиот венец, ќе се претвори во вистинско духовно патување. Кога младата жена ќе сфати дека реалноста можеби не е онаква каква што ја замислувала, започнува нејзиното лично преиспитување. Во текот на возбудливите искуства и средби, Маел ќе го најде клучот за вистинската среќа и ќе си го промени животот од корен.Дали ќе успее да ја спаси и својата пријателка?
„Гледам само еден начин човек да дознае до каде може да се стигне. Да тргне и да оди.“ - Анри Бергсон
Првиот ден од остатокот на твојот живот
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Мод Анкауа
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Еден незаборавен Божиќ
За време на божиќните празници во Лондон, Рејф Боуман пристигнува од Америка поради договорената сре..
293 ден 390 ден
Ќе се најдеме во Бомбај
Бомбај, новогодишната ноќ 1913 год. Медлин Брајт, дојденка и сè уште ненавикната на задушливата запу..
368 ден 490 ден
Последната книжарница во Лондон
Безвременски роман за храброста, љубовта и трајната моќ на книгите, инспириран од вистинска приказна..
315 ден 450 ден
Над дождот
Мигел и Елена се среќаваат во старски дом во Тарифа, на возраст во која веруваат дека преживеал..
443 ден 590 ден
