Од број 1 авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Колин Хувер – ни доаѓа роман што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта.
Кога Лидс ја запознава Лејла, уверен е дека со неа ќе го помине остатокот од животот – сè додека не доживуваат неочекуван напад што таа едвај го преживува. По неколку недели во болница, Лејла закрепнува телесно, но емоционалните и менталните лузни ја менуваат жената во која се вљубил Лидс.
Сакајќи да ја спаси нивната врска, Лидс ја носи во пансионот во кој се запознале. Но, кога ќе стигнат таму, нивниот однос доживува чуден пресврт. А тоа е само една од многуте необјасниви појави. Чувствувајќи дека се оддалечува од Лејла, Лидс набрзо пронаоѓа утеха во Вилоу – уште една гостинка во пансионот со која го поврзуваат заеднички проблеми.
Како што расте интересот на Лидс за Вилоу, неговата одлука да ù помогне да најде одговори го доведува во опасност здравјето на Лејла. Лидс набрзо сфаќа дека мора да избира меѓу Лејла и Вилоу, бидејќи не може да им помогне на двете. Но, доколку донесе погрешна одлука, тоа би можело да биде погубно за сите...
Слични продукти
Љубовта доаѓа тивко
Марти и Клем тргнуваат да си ги остварат надежите и соништата на Западот. Штом пристигнуваат, Клем г..
420 ден
Наслада
„Наслада“ e роман на полската авторка Марта Ѓидо награден со Наградата за литература на ЕУ во 2019 г..
250 ден
Т.А.Ј.Н.А. Откриена
"Т.А.Ј.Н.А Откриена" е експлозивно, сензуално и еротски заситено финале на бестселер трилогијата.Вил..
400 ден
Колекционер на повреди
Ме полеваше со сè што е потребно за опстанок, со сè лажно што го собра од светот злобен, а моите очи..
300 ден
Ознаки: lejla, kolin huver
