Номинирана за најдобра историска фикција на „Гудридс“ за 2022 година.

Во Шангај, окупиран од Јапонија, судбината и музиката, зближуваат младич и девојка од различни култури…

Во 1940 година, Аји е млада наследничка и сопственичка на поранешен популарен и гламурозен ноќен клуб во Шангај.

Ернест е еврејски бегалец што нема пари, протеран е од Германија и бара засолниште во град кој тешко прифаќа странци. Сите негови надежи се изгубени, сè до моментот кога ќе ја сретне Аји.

Аји го најмува Ернест да свири клавир во нејзиниот клуб, а нејзиниот пркос кон обичаите, предизвикува сензација. Неговата инстантна слава, клубот на Аји повторно го прави, најжешкото место во Шангај. Потоа сфаќаат дека не споделуваат само страст за џезот ‒ ама нивните разлики изгледаат непремостливи. Притоа Аји е свршена за друг маж. Како што војната ескалира, Аји и Ернест се разделени, а нивната дилема за избор меѓу љубовта и опстанокот станува очајна. Соочени со големи предизвици, следуваат случки што нивните животи ќе ги променат засекогаш.

Од гламурозните џез-клубови, до сиромашните улици на градот под опсада, „Последната роза во Шангај“ е безвременска, неверојатна приказна за љубовта и простувањето.

„Потресна љубовна приказна на Вејна Даи Рандел. Создава живописна слика за еден помалку познат дел од историјата на Втората светска војна. Книга што не смее да се пропушти!“ ‒ Кејт Квин

„Моќна приказна за врската помеѓу една богата наследничка од Шангај и еден Евреин бегалец… читателите никогаш нема да ја заборават.“ ‒ Пам Џеноф

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Последната роза во Шангај

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Вејна Даи Рандел
  • Достапност: На залиха
  • 600 ден


Слични продукти

Хамнет

Двајца исклучителни луѓе. Љубов која ги спојува. Загуба што им се заканува да ги уништи.Еден летен д..

Автор:

420 ден

Каде што почнува небото

Лондон, 1940 година. Паѓаат бомби, а светот на Џози Бенкс се руши околу неа. Не може да го контактир..

Автор:

490 ден

Атлас: Приказната на Тате Солт

1928 година, ПаризНајдоа едно момче, непосредно пред смртта. Го зеде едно учтиво семејство. Паметно ..

Автор:

940 ден

Умрев за да оживеам

Билјана е родена, растена, воспитувана и мажена во македонско планинско и зафрлено село. Физичката с..

Автор:

320 ден

Ознаки: poslednata roza vo sangaj, vejna dai randel