Нема да ви опишам како изгледам. Како и да ме замислувате, најверојатно е полошо од тоа.
Август Пулман е сосема нормално десетгодишно дете, како и сите други. Барем тоа е одговорот кој ќе го добиете ако го прашате како се чувствува во себе. Но, за сите други, тој е детето чудо кое требало да умре уште вечерта кога се родил, медицинското чудо кое преживеало и покрај сите прогнози за неуспех. Август има голем деформитет на лицето, иако неговото мало тело и мозок се сосема нормални. Дури и после 27 операции, неговото лице останува причина за луѓето да се ѕверат во него кога се разминуваат со него на улиците, да се оддалечуваат од него за случајно да не го допрат како да има некоја заразна болест – неговото лице е причината поради која тој ги минува првите десет години од животот со домашно школување и не оди во нормално училиште, иако е попаметен од многу деца на негова возраст. Сега, во петто одделение, Август мора да заборави на досегашниот живот и да се обиде да се вклопи во обично училиште со нормални деца, да се обиде да се подготви за животот кој го чека. Да им докаже на сите дека тој е ист како нив, без разлика на неговото страшно лице. Но како може да го изведе тоа, особено кога луѓето знаат да бидат толку злобни?
Чудо
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Р. Џ. Паласио
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
312 ден
-
- 1 или повеќе 312 ден
Слични продукти
Сите цвеќиња во Париз
Две жени се поврзани низ времето во градот Париз, поврзани со мистериозен дневник и шокантни тајни к..
336 ден 420 ден
Даниел Штајн, преведувачот
„Животот е чудо“ – за вистински да ја доживееме оваа мисла некогаш ни треба – преведувач!Даниел Штај..
450 ден 600 ден
Пашата на вкусовите
Ова е приказна за авантура опкружена со ѕвезди и шепотења, којашто започнува во султанската палата Т..
350 ден 500 ден

