Чудесна, неизвесна и богата приказна за љубителите на Лусинда Рајли…
Џулија Бекет за првпат ја здогледува куќата Грејветерс на само пет години, но уште тогаш има некое претчувство дека тоа некогаш ќе биде нејзина куќа. И кога конечно станува сопственичка на куќата после долги години, почнува да се сомнева дека постои причина што била привлечена кон неа.
Како Грејветерс да е портал помеѓу два света, таа во соништата повремено се транспортира во седумнаесеттиот век и станува Маријана; млада жена во Англија која се бори против опасности, сиромаштија и предавства, сето тоа под прангите на забранета љубов.
Со секое враќање назад, Џулија станува сè поопседната со минатото… па почнува да се плаши дека животот на Маријана целосно ќе го засени нејзиниот и мора да најде начин некако да го остави минатото зад себе или ќе ја изгуби шансата за среќа во сегашноста.
Маријана
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Сузана Кирсли
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
336 ден
-
- 1 или повеќе 336 ден
Слични продукти
Девојчински спомени
"Девојчински спомени" од Ани Ерно е уште едно навраќање на авторката кон лавиринтите на своето минат..
273 ден 390 ден
Страв од варвари
"Фасцинантен е начинот на кој книгата се чита како алегорија од некоја далечна епоха и како современ..
210 ден 300 ден
Насон те љубев
Натали е стјуардеса, има убав живот со сопругот и двете возрасни ќерки, во прекрасна куќа на брегот ..
443 ден 590 ден
Ознаки: marijana, suzana kirsli

