Инспиративен, крајно потресен роман заснован на вистинската приказна за Либертас Шулце-Бојзен, храбра девојка која одбива да се повлече пред нацистите и да се потчини на режимот на Хитлер. Исправена пред лицето на злото, таа си дала тивко ветување: ќе се бори да живее во праведен свет или ќе умре обидувајќи се.
„'Биди похрабра од мене. Не бегај. Оправдај го своето име, мал борецу за слобода.' Либертас цврсто ги затвори очите и солзи се стркалаа од под нејзините црни трепки, кога почувствува како неговите усни нежно и го допираат образот. Возот на перонот ја распара тишината, а тој исчезна во пареата, оставајќи ги своите зборови да лебдат во воздухот...“
Берлин, 1939 година. Деветнаесетгодишната Либертас се сели во Берлин, но наместо да и ја понуди слободата по којашто копнее, градот е под нацистичка опсада. Се палат еврејските книги, се кршат излози, невини луѓе секојдневно се испраќаат во концентрациони логори. Либертас не може и не сака да замижи пред неправдата.
Кога го запознава Харо, веднаш сфаќа дека зад неговата весела насмевка и небесносините очи се крие нешто многу повеќе. Лузните од камшик на грбот ја раскажуваат неговата вистинска приказна: тој е борец за слобода. Искрата на препознавање во нивните очи ќе прерасне во безгранична љубов, нешто што ќе ги обедини во борба против крвожедниот диктатор. Навлегувајќи во редовите на непријателот, тие почнуваат да шверцуваат доверливи документи и да одржуваат тајни состаноци ноќе, под светлината на свеќите. Додека градот спие, заедно со нивните пријатели расфрлаат летоци со моќни, гневни зборови низ Берлин, разоткривајќи ги гнасните лаги на нацистите.
Но, Гестапо постојано им е зад петиците, се следи секое нивно движење, се прислушуваат нивните телефонски разговори. На крајот, треба да одлучат што е поважно: да се преживее или да се биде храбар?
Девојката на перонот
- Издавачка куќа: Букленд
- Автор: Ели Мидвуд
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
343 ден
-
- 1 или повеќе 343 ден
Слични продукти
Љубов меѓу редови
Роуан: Работа ми е да создавам бајки. Забавни паркови. Продукциски компании. Хотели со пет ѕвез..
368 ден 490 ден
Сосед од пеколот
Хејли е тивка, кротка девојка која нема многу луѓе и задоволства во својот живот, па ужива во малите..
285 ден 380 ден
Собата на пеперутките
Поузи Монтакју се приближува до својот седумдесетти роденден. Адмирал хаус, нејзиниот сакан дом од д..
413 ден 550 ден
Ознаки: devojkata na peronot, eli midvud

