Во нарација подеднакво маѓепсувачка и мистериозна како и сеќавањето – ја дознаваме приказната за Натаниел (14 години) и неговата постара сестра Рејчел. Во 1945 година, непосредно по Втората светска војна, тие остануваат во Лондон додека нивните родители се преселуваат во Сингапур, оставајќи ги на чување на мистериозната фигура по име Молецот.
Сомневајќи се дека тој е криминалец, децата стануваат уште позагрижени кога ја запознаваат неговата ексцентрична група пријатели: мажи и жени споени од заедничката, недефинирана служба во војната. И сите тие се решени сега да ги заштитат и едуцираат (на крајно невообичаени начини) Рејчел и Натаниел. Но, дали се навистина оние што тврдат дека се? И што значи кога мајка им се враќа по месеци молк без таткото и без какво било објаснување?
Десетина години подоцна Натаниел почнува да открива сè што сакал да дознае, а токму патувањето низ фактите, сеќавањата и имагинацијата е пренесено во ова ремек-дело од еден од најголемите писатели на нашето време.
Замрачување
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Мајкл Ондачи
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Ќерките на Лорд Вестерам
Лорд Вестерам има пет ќерки, кои се обидуваат да го пронајдат своето место во светот, додека Втората..
392 ден 490 ден
Сложувалка на мојот живот
Додека заздравува од неодамнешниот развод, Џина Белами одеднаш мора да открие како да живее сама. Ре..
368 ден 490 ден
Не кажувам
"Вратата ја затворам полека и зад мене го оставам Јосиф, клекнат на подот, заедно со Никита. Куќичка..
210 ден 300 ден
Ознаки: zamracuvanje, majkl ondaci
