Приказна за едно дете кое, раководејќи се од најлошиот советник – стравот, посакува да има супермоќи како суперхероите од стриповите што ги чита. Го прави тоа за да се спаси од насилството што го трпи од соучениците. Посакува да стане невидливо, како механизам за бегство, за заштита од суровата реалност што го опкружува, без да биде свесно дека всушност страда. Детето не добива помош од никој, бидејќи е невидливо за сите оние што гледаат што се случува но претпочитаат да не видат, за сите што не сакаат да гледаат и ја вртат главата настрана, и за сите што гледаат но се плашат или едноставно мислат дека тоа не е нивен проблем. Како што вели и самиот автор: „Никој не е невидлив ако другите не му помогнат да биде невидлив“.

Невидлив е приказна раскажана низ призмата на насилникот и жртвата, неговата симпатија и пријателите, родителите и наставниците, и поучна за сите што ќе ја прочитаат. Училишното насилство отсекогаш било присутно меѓу нас, но овој роман е напишан сега и тука, од талентиран автор што го прави ова искуство уште помоќно од она во реалноста.

Романот досега има повеќе од дваесет изданија и е преведен на многу јазици. Невидлив ги добива наградите „Јолео“ и „Аче“ за 2019 година, а бил финалист и за наградата „Менхалибрес“.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Невидлив

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Елој Морено
  • Достапност: На залиха
  • 400 ден


Слични продукти

Кројачот

“Прави како што ти вели срцето, сине, и што се однесува до мене и што се однесува до Воја, ама сакам..

Автор:

450 ден

Проклетството на Палмизанови

Тој имаше право: црешите повторно ќе расцутат и ќе даваат сочни плодови. Повторно ќе се врати времет..

Автор:

400 ден

Врати ми се

Ултимативен лек што може да ја излекува секоја болест? Нема шанси! Такво беше мислењето на Мери..

Автор:

490 ден

Ние бевме среќните

Полска, 1939 година: семејството Курц и покрај скромната егзистенција одгледуваат три генерации за п..

Автор:

480 ден

Ознаки: nevidliv, eloj moreno