Ова е возбудлива биографска приказна за очајната битка на Ники Круз против дрогата, алкохолизмот и насилното опкружување, додека тој бараше подобар начин на живот на улиците од Њујорк.
Ники имал само три и пол години кога неговото срце се претворило во камен. Како едно од осумнаесетте деца родени од родители кои практикуваат вештерство, крвопролевањето и хаосот биле вообичаени појави во неговиот живот. Тој претрпел тешко физичко и психичко малтретирање од родителите. На 15 години, таткото на Ники го испратил кај еден од постарите браќа во Њујорк. Ники не останал долго со својот брат, туку избегал и на шеснаесет-годишна возраст станал член на озлогласената улична банда во Бруклин, позната како Мау Маус. За шест месеци тој станал нивни претседател.
Ники бестрашно владеел со улиците како воен лидер на една од бандите од кои најмногу се плашат ривалите и полицијата. Изгубен е во циклусот на дрога, алкохол и брутално насилство. Како што расте репутацијата на Круз, така растат и неговите опседнувачки кошмари, но и сè почестите апсења и посети на психијатар. Неговиот живот забрзано се движи по удолница предвидувајќи му затвор или електрична столица. Но еден ден Ники Круз и неговиот живот се промениле. Во текот на неговиот живот спасил и сè уште спасува илјадници млади луѓе од лошиот живот на улицата.
Што се случило за да дојде до таква трансформација?
Слични продукти
Долга реса крај морето
Приказна за љубовта, пријателството, надежта и егзилот, која е актуелна и денес, и покрај тоа што се..
450 ден
Кога верувавме во сирени
Срцето може буквално да боли, не метафорично – од тежината на споменот, копнежот и бесот.Пред многу ..
500 ден
Прекрасен свету, каде си
Емоционална драма што се чита во еден здив.Ретки се длабоките пријателства како она на младата роман..
500 ден
Големи лаги во мал град
Чејмберлен, докажан раскажувач на неверојатни приказни, ги држи читателите во неизвесност со&nb..
500 ден
Ознаки: trcaj mali trcaj, niki kruz
